Силната и директна порака упатена од Епископ Константин Кајшаров до верниците на Богослужбата, која на 01.04.2026 година се одржа во ХЦ Блага Вест во РМ ја потенцираше суштината на вистинската вера – дека животот во Христос, не е живот за себе, туку повик за целосна посветеност на верникот.

Особено беше нагласено дека фокусот треба секогаш да биде кон Христос, без никакви компромиси. Поради тоа, духовната борба е особено изразена и посебно насочена кон оттргање на верникот од Божјиот мир. Затоа како клуч за победа, беше потенцирана силата на сведочењето, кое носи духовен пробив во етерот, како и значајноста на понизноста при дејствувањето на помазанието.

